Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Од:

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, коментираше дека премиерот Мицкоски ја свел политиката во земјата на ниво на таблоидски објави. Според Филипче, наместо конкретни решенија за економските и социјалните проблеми, се објавуваат изјави и афери кои, како што рече, го одвлекуваат вниманието од суштинските прашања.

– Ќе објават една лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието. Целото внимание намерно се насочува кон нешто измислено.Ќе објавуваат нова измислица освен зградата од 42 ката во Дубаи, некое патување во Дубаи преку Венеција., а во позадина се протнува Закон за странци како вовед во носењето на мигранти, односно „економски работници“. Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а под маса си делат тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општините, 1,2 милиони евра тендери преку пошта, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени. Во следните денови следат нови бомби, нашиот АКТ тим работи врз основа на информации коишто се аплицираат на нашата антикорупциска платформа. Огромен број од информациите доаѓаат од членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една институција досега нема преземено ништо за ниту еден од овие скандали, рече Филипче.

Тој посочи дека владата во декември најавила дупка во буџетот, што беше потврдено со ново задолжување преку еврообврзница. Според Филипче, недостасуваат уште средства во буџетот, а нема јасни одговори за минималната плата и економската состојба.

Филипче исто така коментираше дека се носат законски решенија за увоз на „економски работници“ и дека јавноста треба да обрне внимание на информациите од различни извори. Тој нагласи дека СДСМ ќе продолжи да ја следи состојбата и да ги објавува податоците од своите антикорупциски активности.

„Кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, Вие, почитувани граѓани треба да знаете дека се случува уште една пљачка зад вашиот грб. Прават дефокус за вие тоа да не го видите. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари. Но, разоткриени се и ова нема да помине. Секој нивни чекор го знаеме однапред“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, претседателот на СДСМ, Филипче потенцираше дека премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведел на ниво на таблоид.

„Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни изјави на премиерот на ниво на жолт печат, без суштина, без реална политика. Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите , а тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Додека течат криминални тендери зад грбот на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи, јавен линч врз опозицијата“, нагласи Филипче.

Според Филипче, целта е да се обезбеди политиката да биде во интерес на граѓаните и нивниот стандард, како и да се следи работењето на институциите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во земјава

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Аматерски, неразумен и штетен – премиерот за потегот на Бугарија да ја објави дипломатска нота за патување на неговото семејство

Мицкоски му одговори на Таравари за враќањето во владата и го потсети на тендерот „Ѓока констракшн“