Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја кријат вистината од јавноста за процесот на евроинтеграциите, оценувајќи дека уставните измени не се билатерално прашање со Бугарија, туку европски услов.

На денешната прес-конференција, Филипче рече дека Владата прво ја премолчела средбата на Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, а потоа ја минимизирала нејзината важност, иако, како што рече, пораките од Софија биле јасни.

Тој ја цитираше изјавата на бугарската министерка дека ставот на Бугарија од 2022 година „повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земја кандидат“.

„Ова значи дека прашањето за внесувањето на малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање и услов на Европската Унија“, рече Филипче.

Тој посочи и на изјавите на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, како и на еврокомесарката Марта Кос, кои, според него, јасно порачале дека напредокот кон ЕУ зависи од спроведувањето на реформите.

Филипче ја обвини власта дека намерно ја блокира европската перспектива на државата и ја манипулира јавноста со, како што рече, „лажни конфликти и спинови“.

Во говорот се осврна и на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор и членството во НАТО, обвинувајќи ја партијата за политичка недоследност.

„Нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европската Унија“, рече Филипче.

Тој оцени дека внесувањето на малцинствата во Уставот е неопходен предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ и порача дека „реформи, правда и Европа се единствениот пат напред за државата“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски