Филипче: Имаме одговорност да им оставиме на младите генерации европска држава

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на општините Струга и Вевчани.

За време на посетата Филипче ги посети своите колеги во здравствениот дом и општата болница во Струга, во здравствениот дом во Вевчани, како и во заводот за нефрологија во Струга, каде денеска им го честита јубилејот – 40 години од првата дијализа.

-Во Струга и Вевчани имаме добро организирани здравствени установи, млад и амбициозен кадар и инфраструктура. Со европските фондови, ќе ни се отворат можности за подобрена инфраструктура, градење нови болници, соработка со врвни медицински центри, размена на експертски знаења, односно ќе го донесеме европското здравство во Македонија. Ние како генерација ја имаме честа да им оставиме на младите генерации европска држава. Имаме одговорност пред нив, да им обезбедиме подобар живот, иднина. Договорот е најдобриот влог во нашата иднина, рече Филипче.

Тој додаде дека најмоќните сојузи ги отвораат ширум вратите за нас.

– Време е заеднички да им подадеме рака и на 30-ти септември да си ја обезбедиме картата за влез во НАТО и ЕУ. Бенефитот од овој процес е европско здравство за сите граѓани. Со сето ова ќе ги задржиме и младите лекари во земјава, ќе обезбедиме подобри услови за работа и подобра експертиза во земјава, порача Министерот за здравство на средбите со граѓаните во Струга.

Во Вевчани Филипче ги повика сите граѓани да се приклучат на референдумот и заеднички да ја внесат Македонија во големото европско семејство и НАТО сојузот.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски