Филимена и Михајло се експертите кои го советувале Иванов да не го даде мандатот на Заев

Од:

Експертите на кои се повика Ѓорге Иванов за да не го даде мандатот на Зоран Заев се екс министерот за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена.

Како што извести А1он, вечерта кога во тајна посета кај Иванов беше Никола Груевски, кој остана цели пет часа, бил и брачниот пар Маневски.

А1он од сигурни извори дознава дека таа вечер е договарана стратегијата и обраќањето на Ѓорге Иванов, со кое се обиде да најде изговор да не му го даде мандатот на Заев, иако тој го исполни условот кој го бараше Иванов, и му достави потписи не од 61 туку од 67 пратеници како поддршка.

Токму Маневски и се обрати на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска. За нејзиниот настап на Алсат-м, и изнесените ставови тој вели дека се безобразни и лицемерни.

“Затоа досега молчевте, а верувам ќе молчите и понатаму се додека не го подметнете во Собранието, набрзина и шверцерски (ова е ваш израз), со европско знаменце, кое не му следува и во поитна постапка. Вие имавте прв настап како висок претставник на СДСМ за преговорите, по долготраен молк, наспроти основните политички принципи на јавност, транспарентност и одговорност, и пишува Маневски на Шеќеринска.

Ниту Маневски, ниту Иванов немаа ништо против кога Никола Груевски 20 дена преговараше со ДУИ за Платформата. Иванов без проблем му го даде мандатот на Груевски без тој да му покаже доказ дека има обезбедено 61 пратеник или парламентарно мнозинство, а не се ни противеше како сега дека може наводно платформата да го наруши суверенитетот на РМ.

Филимена Маневска се спомнуваше во бомбите на опозицијата која објави неколку разговори како Маневска средува случаи во судовите за партијата и за функционери на ВМРО/ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов