Фетаи побара Јанкулоска да не го напушта Скопје

Од:

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да не го напушта Скопје, поради опасност од бегство.

По денешното изрекување на пресудата, со која Јанкулоска е осудена на 6 години затвор за набавка на луксузниот владин „мерцедес”, Фетаи побара уште една мерка за претпазливост за ексминистерката – таа да не го напушта живеалиштето се до правосилноста на пресудата.

„Мерките на претпазливост не ја анулираат опасноста од бегство”, рече Фетаи. ,,Но, имајќи ги предвид семејните прилики и фактот дека има бебе кое не е виновно, предлагам судот да и’ изрече забрана за напуштање на живеалиштето”, рече обвинителката на СЈО.

Адвокатката на Јанкулоска, Сања Алексиќ, рече дека барањето на Фетаи е неосновано.Таа рече дека одбраната очекувала да чуе таква пресуда.

„Ако обвинетата сакаше да избега ќе избегаше досега”, рече Алексиќ. Јанкулоска беше присутна на сите рочишта, а имаше и две мерки на претпазливост, кои обвинетата беспрекорно ги почитувала, рече нејзината адвокатка.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на казна затвор од 6 години за набавката на луксузниот владин „мердецес”. Таа треба да ги надомести и судските трошоци во постапката.Јанкулоска е осудена за злоупотреба на службена должност и овластување,односно дека го поттикнала помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски да изврши кривично дело. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

За Мијалков призна дека е привилегиран, за замолчувањето на Боки 13 ги компромитира Маричиќ и Тупанчески, за Јанкулоска признава дискриминација – интервју со директорот за санкции

Кристијан Ландов

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов