Фетаи бара притвор за Поповски

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, поради можноста од бегство и привршување на друг судски предмет, побара судот да обезбеди присуство на осудениот Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР, алудирајќи на бегството на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Грција.

Одбраната на Поповски побара судот да не го прифати барањето за притвор и да ја земе предвид неговата влошена здравствена состојба и тоа што е семеен човек.

Адвокатот Стерјо Зиков рече дека казната е превисока и дека не постојат основи за да биде притворен затоа што Поповски редовно се јавувал на сите рочишта. Рече дека ќе ја обжалат пресудата пред Апелациониот суд.

Адвкокатката Сања Алексиќ, како дополнителна причина да не му биде определен притвор на Поповски, рече дека неговиот целосен имот е замрзнат.

Поповски е осуден на 9 години затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов