Фетаи бара притвор за обвинет во случајот со шлаканиците: Ларингитис не може да биде пречка за присуство на судењето

Од:

Обвинетиот Милан Андоновски не дојде на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар”. Адвокатот на Андоновски, Димитар Дангов рече дека утрово обвинетиот му се јавил по телефон и му рекол дека отворил боледување од две недели. Боледувањето е со датум од 9 март и трае 14 дена, а било потпишано од матичен лекар, по претходен преглед кај специјалист за уво, нос и грло.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи рече дека овој обвинет три пати досега отсуствува од судења. Еднаш не се појавил, иако бил уредно повикан. Вторпат бил болен, а сега повторно отворил боледување. „Барам притвор за Андоновски. Тоа е единствениот механизам за обезбезбедување присуство. Обвинетиот одбегнува да дојде на судење“, рече Фетаи.

„Ние овде нема да копаме”, рече обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски. Обвинителот додаде дека ларингитис имаат повеќе од половина од присутните во судницата. „Обвинетиот не го почитува судот и затоа мора да се обезбеди присуство. Се прави одолговлекување на постапката на секој можен начин. Можеле да извадат некое поприфатливо лекарско образложение“, рече Бубевски.

Адвокатот на Андоновски побара судот да му се почитува правото на здравје. Судијата го одби барањето на Фетаи, бидејќи имал уреден лекарски извештај и му било препорачано мирување. Судењето е одложено за 3 април.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он