ФЕИТ домаќин на балканскиот натпревар по LabVIEW

Од:

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје (ФЕИТ) е домаќин на седмиот балкански натпревар по LabVIEW – графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки, кој почнува денеска, а победниците ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

Како што соопштија од ФЕИТ, на натпреварот учествуваат 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Натпреварувачите се избрани како најуспешни студенти од LabVIEW академиите на земјите учеснички. Покрај натпреварувачите, секој тим е придружен со двајца професори (ментори) кои учествуваат во координативните активности за реализација на натпреварот и дефинирање на проектната задача.

Во досегашното петгодишно учество, ФЕИТ освои две втори, трето и четврто место во поединечна конкуренција, како и две први места во екипна конкуренција.

LabVIEW (Laboratory Virtual Instrumentation Electronics Workbench) претставува графички програмски јазик, пред се наменет за инженери. Оваа програмска платформа е широко прифатена во сите универзитети во светот и се користи за научно-истражувачки и за индустриски апликативни цели.

Универзитетите кои сакаат да го имплементираат LabVIEW во своите наставни содржини мора да поминат низ фаза на сертифицирање на наставниот кадар и формирање на LabVIEW академија. Ваква академија на ФЕИТ е формирана пред пет години.

Натпреварот се одржува под покровителство на National Instruments.

Би можело да ве интересира

Натпревар во лежење во Црна Гора-останаа пет учесници

(ВИДЕО) Маскирани лица влегоа со мртовечка кола на теренот на фудбалски натпревар во Англија

А1он

Незадоволен од терминот „џаболебар“ во насловот, победникот во лежење во Црна Гора упаднал во редакција и кршел инвентар

А1он

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Ана Ололовска