Фатениот разбојник однел 21.000 евра од банката во Крушево, одреден му е притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишниот жител на Крушево, за кого има основано сомнение дека пред два дена ја ограбил експозитурата на Уни банка во градот, по што избегал со над 21.000 евра од сефовите.

„Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15:00 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата, по што влегол во експозитурата на „Уни Банка“ во Крушево, каде го извршил кривичното дело. Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000,00 денари,“ се вели во соопштението од Обвинителството, во кое нема информација дали се пронајдени парите.

„Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење до 30 дена,“ се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ограбена е менувачница во Чаир

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

30 милиони долари украдени во историски грабеж во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Насилници барале пари од момче, па го раниле со нож

Горан Наумовски