Фатени двајца кочански џепчии – украле паричник од жена, сакале да ѝ го земат и телефонот

Од:

Двајца џепчии од Кочани кои неделава украле паричник од жена од градот, а по само два дена, се обиделе да ѝ го земат и мобилниот телефон, соопшти полицијата.

„Денеска (23.04.2021) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани ги лишиле од слобода М.К.(24) и Џ.К.(19). М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид затоа што на 20.04.2021 од жена одзел паричник, а на 22.04.2021 се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К. пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка,“ се вели
Полициски службеници по добиена судска Наредба извршиле претрес во домот на М.К. при што бил пронајден украдениот паричник. Покрај тоа, М.К. по добиена судска Наредба бил спроведен во Затвор за издржување затворска казна. По комплетирање на случаите ќе следи соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ