Фабриката „Пејпер мил“ ја изгаси печката, инспекторите утврдиле загадување

Од:

Црниот чад што излегуваше од печките на кочанската фабрика „Пејпер мил“, загадувал со ПМ честички и јаглероден моноксид. Ова го утврдиле инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина и ја задолжиле фабриката да престане со работа.

„Извештајот од акредитираната лабораторија утврди отстапување од граничните вредности утврдени со А интегрираната дозвола за два параметри – ПМ честички и јаглероден моноксид. Правниот субјект доби Решение со кое се задолжи да престане да го користи котелот на пелети додека да се обезбедат соодветни технолошки и процесни услови со кои ќе se гарантира дека со пречистувањетo на отпадните гасови ќе се доведат граничните вредности на емисиите во согласноост со оние што се утврдени со дозволата. Во моментот „Пејпар Мил“ не работи, додека до инспекторатот да пристигне известување за промена на состојбата во насока на исполнетост на условите од А интегрираната дозвола и додека се докаже дека тие услови се исполнети“, одговорија за А1он од ДИЖС.

По објавата на видеата дека веќе две години жителите на Кочани, особено оние кои живеат во непосредна близина на фабриката се жалат на низа здравствени проблеми за кои сметаат дека доаѓаат од загадениот воздух, печката беше изгасена.

Градоначалникот на Кочани Николчо Илиев ни рече дека по честите пријави на граѓаните на загаденоста што доаѓа од „Пејпер мил“ тие се обратиле до ДИЖС.

„Со оглед на тоа што станува збор за фабрика која има А интегрирана дозвола, надлежен е да постапува ДИЖС. Тоа што може да го преземе општината е да обезбеди мерачи на загаденоста кои ќе бидат поставени на неколку локации во градот каде што има чести пријави на граѓаните. На овој начин ќе можеме континуирано да ги лоцираме загадувачите“, ни рече Илиев.

Надлежен Инспектор за животна средина постапил по пријавите на 5 ноември и извршил вонреден надзор на фабриката за производство на хартија „Пејпер Мил“.

„Изработиен е записник за констатација и издадено е Решение со кое, помеѓу другото, правниот субјект Пејпер Мил што поседува А интегрирана дозвола беше задолжен да изврши вонредни мерења на емисии од оџакот од котларата што работи на погонско гориво пелети во присуство на инспектор и од страна на акредитирана лабораторија. Вонредните мерења беа извршени на 13 ноември, а извештајот за резултатите на извршените мерења беше готов на 20 ноември.“, велат од ДИЖС.

Симптомите на кои се жалеа граѓаните како последица на загадувањето беа иритација на очите, метален вкус во устата но и на зголемување на онколошки заболувања на граѓани кои живеат во непосредна близина на фабриката.

Фабриката „Пејпер мил“ имала обврски пречистителната станица за отпадни води да ја изгради до 2019 година, но досега тоа не го направила.

На сајтот на оваа фабрика пишува дека таа е една од најстарите фабрики во Македонија. Основана е во 1963 година.

„Веднаш по нејзиното повторно отварање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети, поради нејзиниот престанок на работа претходните години. Од моментот на приватизација на фабриката, па се до денес во неа се вложени околу 4 милиони евра. Акцент се стави на квалитетот на производите како и зголемување на капацитетот. Посебен пристап беше направен кон чистите технологии и адаптација за рециклажа. Денес фабриката работи 100% рециклажа со модерна пречистителна станица и користи метан како основен енергенс. Фабриката поседува „А ИСКЗ дозвола“ од Министерство за животна средина, како и неколку сертификати за квалитет и екологија. Капацитетот е доволен за рециклажа на целата картонска отпадна хартија на ниво на Македонија. Моменталниот капацитет е 14400 тони годишно. Веќе се направени проекти за триплицирање на овој капацитет“, пишува на сајтот.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он