Европската комисија контра Шарл Мишел: Не сме фокусирани на проширување на ЕУ до 2030 година

Од:

Европската комисија ја демантираше изјавата на претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел дека Европа има таргерт за проширување на ЕУ до 2030 година, пишува „Политико“.

Двете највисоки институции во Брисел повторно се судрија додека извршната власт на ЕУ се спротивстави на забелешките на претседателот на Европскиот совет во понеделникот дека блокот треба да биде подготвен да прифати нови членки во 2030 година.

„Ние не сме фокусирани на датум, туку фокусирани на многу тесна соработка со земјите кандидати за да се подготвиме за пристапување во Европската унија“, рече заменик-портпаролот на Комисијата, Дејна Спинант, на дневниот брифинг со новинарите во вторникот.

Таа додаде дека Мишел не се консултирал со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за содржината на неговиот говор за проширување во понеделникот на конференцијата во Блед, Словенија.

Последното јавно несогласување меѓу Фон дер Лајен и Мишел – наречено „чудна двојка во Европа“ поради нивните тешки односи – доаѓа додека темата за проширувањето на ЕУ добива на интензитет во Брисел.

Исто така во понеделникот, францускиот претседател Емануел Макрон предложи ЕУ со „повеќе брзини“ во врска со пристапувањето на земјите кандидати. Некои балкански народи чекаат со години да се приклучат на ЕУ; според законската рамка, тие мора да исполнат голем број барања пред тоа да стане возможно.

Лидерите на ЕУ ќе се посветат на оваа тема на претстојниот самит во октомври, бидејќи војната во Украина повторно ја поттикна дебатата за проширувањето на блокот. Осум земји чекаат во крилата – вклучувајќи ги Украина и Молдавија, на кои им беше доделен статус кандидат минатата година – со зголемување на притисокот за отворање на пристапните преговори за Украина до крајот на оваа година.

Спинант инсистираше на тоа дека проширувањето е „процес заснован на заслуги“ и дека на земјите кандидати треба да им се дозволи да се приклучат само откако ќе ги исполнат критериумите за влез во ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ