А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Европската Федерација на Новинари го поддржа ЗНМ: Да се преиспита одлуката на судот за 27-ми април

by А1он16/04/2021 - 09:03370
Share0

На 27ми април 2017 година за време на протестот во Скопје што подоцна резултираше со упад од демонстрантите во зградата на Парламентот, вкупно 21 новинари беа под закана или им беше забрането да известуваат на местото на настанот. Еден од нив беше Горан Трпеноски кој вчера беше одбиен од Граѓанскиот суд во Скопје кој не му го призна статусот на новинар. Европската федерација на новинари (ЕФН) и нејзината членка, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го оспоруваат толкувањето на македонскиот суд и го повикуваат уште еднаш да ја разгледа својата одлука.

Добивај вести на вибер

Како што соопштува ЗНМ, Горан Трпеноски известуваше за настаните на 27 април 2017 година за онлајн медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk). Откако кон него беа упатени закани се одлучи да поднесе тужба за попречување на правото за пристап до информации и нанесената психолошка штета. Вчера, во својата пресуда, судијката Јованка Спировска Панева објасни дека во тоа време Трпеноски не бил новинар затоа што работел за онлајн медиумот (sdk.mk), што според Законот за медиуми не се смета за медиум. Понатаму во оваа пресуда, судот не го признава правото на информација како уставно право.

-ЕФН и ЗНМ сметаат дека со оваа пресуда се кршат европските правни стандарди за слобода на печатот, дефинирани од Европскиот суд за човекови права. Оваа пресуда ја прекрши и судската пракса на Апелациониот суд во Македонија со која се потврди дека не треба да им се ускрати позицијата на новинар на професионалците кои работат во интернет медиумите. ЕФН се приклучува на нејзината членка ЗНМ во барањето да се преиспита оваа пресуда со која се нарушува слободата на печатот, стои во соопштението на ЗНМ.

Европската Федерација на Новинари (ЕФН) е најголемата организација на новинари во Европа, која застапува повеќе од 320,000 новинари во 72 новинарски организации во 45 држави

27 aprilnovinariznm

Би можело да ве интересира

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

Горан Наумовски03/05/2026 - 11:05

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 16:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто