Европска комисија без коментар како ќе влијае врз Македонија исходот од изборите во Бугарија

Од:

Европската комисија очекува Северна Македонија да го промени својот устав, обврска преземена од Скопје, за да може да ја закаже втората меѓувладина конференција, на која ќе почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Ова го изјави портпаролот на Европската комисија одговарајќи на новинарско прашање дали изборите во Бугарија ќе влијаат на односите меѓу двете земји и преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, а пренесе бугарската национална телевизија БНТ.

Европската комисија одби да го коментира влијанието на бугарските избори врз односите меѓу Софија и Скопје. Во Брисел ги чекаат конечните резултати од изборите.

– Европската комисија работи со секоја влада избрана по демократски избори во земјите на ЕУ, прецизираше портпаролот.

Тој исто така рече дека во моментов е во тек процес на ревизија на законодавството на Северна Македонија за да се утврди дали е во согласност со европското законодавство. Според портпаролот, процесот се одвива без проблеми, а се очекува да заврши до есен.

Како следен чекор, Брисел очекува Скопје да направи измени на Уставот, како што вети, за да може да продолжи процесот на пристапување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа