ЕВН Македонија ја заокружи 2017 година со донации за МПЦ и ИВЗ

Од:

Како продолжение на многугодишната традиција, и годинава ЕВН Македонија ги посвети празничните денови на дарување подароци за социјално ранливите граѓани. Во последните денови на 2017г., ЕВН реализираше соработка за добротворни цели со Македонската православна црква и Исламската верска заедница.

ЕВН Македонија донираше пакети со прехранбени продукти и поголема количина намирници за подготвување на храна.

Пакетите беа распределени низ цела Македонија, до оние семејства на кои им се најпотребни, а донираните намирници ќе бидат искористени за приготвување на топли оброци во народната кујна „Св. апостоли Петар и Павле” во Ѓорче Петров.

Претходно, ЕВН донираше и во Црвениот Крст на РМ, Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Бутел, а исто така донираше и пакети за најмалите од општина Арачиново.

Со ова се достигна вкупна бројка од 800 донирани пакети.

Новогодишните празници се време на дарување, среќа, радост и обединување на семејствата на истата трпеза. Поради тоа, од особено значење и задоволство е да се биде поддршка на оние кои имаат потреба во овој период, се вели во соопштението на ЕВН.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН