ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени од пожарот кај езерото „Младост“

Од:

Екипи на ЕВН активно работат на санирање на штетите и воспоставување на напонска состојба на двата далекувода што беа оштетени при вчерашниот пожар кај езерот „Младост“ во Велес. Екипите на Електродистрибуција од Велес ќе останат на терен се додека се нормализира снабдувањето со електрична енергија, инфомрираат од компанијата.

-Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот почет на пожарот кој вчера ја зафати околината на езерото „Младост“ активно учествуваа во неговото гаснење. Од пожарот во кој изгореа 500 хектари шума, од кои 200 хектари црноборова, беа зафатени и три средно напонски далекуводи на ЕВН: 10 киловолтниот далекувод Езеро, 10 киловолтниот далекувод Црн Врв – стар и 35 киловолтниот далекувод Црн Врв – нов. Екипите заедно со против пожарните служби успеаја да спасат дел од дистрибутивната мрежа, соопшти ЕВН.

Далекуводот „Црн Врв – нов“, посочуваат, најбрзо беше саниран и веднаш пуштен под напон.

-Другите два далекувода поради обемот на штетата и поради сугестиите на Центарот за справување со кризи беа без напон подолго време. Далекуводот Езеро е 50 отсто уништен од пожарот, а далекуводот Црн Врв – стар има штета од 30 отсто, велат од ЕВН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он