Еве какво време не очекува до крајот на месецот

Од:

Во наредните неколку дена, според Метеопро, се очекуваат неколку промени на метео параметрите.

Од деновите на викендот, сабота ќе донесе пооблачно и ветровито време. Ќе дува умерен до засилен северен и севоисточен ветер.

Во текот на денот се очекуваат врнежи од дожд, а на планините, особено во северната половина од земјата, снег. Утрото во котлините ќе помине со позитивна вредност на минималната температура и истата ќе биде во границите помеѓу 2°С и 6°С. Во текот на денот ќе биде релативно студено. Максималната температура ќе има вредност околу 8°С во поголем дел од котлините до 11°С на југоисток.

Веќе во недела ќе има подолги сончеви периоди и помалку облаци. Утрото за разлика од саботното ќе биде постудено, а минималната температура низ котлините ќе има вредност околу 0°С.

На повисоките места таа ќе се „спушти“ до -3°С. На југот на Повардарие, минималната ќе биде само малку во позитива. Дневната температура во однос на саботната ќе биде во пораст за околу 2°С.

Понеделник, вторник и среда ќе донесат претежно сончево време. Наутро ќе биде студено. Минималната температура во најголем дел од земјата ќе биде под 0°С, но сепак само 2°С до 3°С во негатива. Преку ден температурата ќе биде во пораст, но нема да биде особено топло.Максималната температура овие денови ќе биде во дијапазонот од 9°С до 13°С низ котлините и околу 14°С во југоисточниот крај.

Четврток и петок ќе бидат малку потопли, но и пооблачни во однос на првите три дена од наредната недела. Температурата наутро ќе се „врати“ во позитива.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски