Евакуирани трojцaта стружани завеани со снег во струшко ’Ржаново

Од:

Хеликоптерска единица на МВР денеска ги спаси тројцата стружани кои три дена беа заробени под снежната покривка во малесиското село ’Ржаново.

Горан Кузманоски и Тоде Кузманоски, како и 15-годишниот син на Горан  во саботата се упатиле во нивното родно село на викенд, но снегот што заврнал на Караорман ги оневозможил да се вратат на зад во Струга, поради што министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  уште синоќа најави дека ќе бидат евакуирани со хеликоптер на МВР.

По слегувањето од полицискиот хеликоптер попладнево на стадионот Караорман во Струга,  Горан  раскажа дека освен што ги потрошиле залихите со храна, тие немале ниту телефонски врски.

– Не можевме да контактираме. Телефоните повеќе не’ функционираа. Знаете метро и повеќе има снег и движењето беше  ограничено само околу куќата. Се’ што беше за јадење се изеде ,и веќе беше критично, ни раскажа Горан.

Според неговиот братучед Тоде Кузманоски,  снежната покривка достигнала еден метар и 20 сантиметри.

– Поради снегот, немаше и струја. Седевме старински, со кандило, рече Тоде.

Луѓето кои потекнуваат од ’Ржаново  велат дека зимата таму тешко се поминува и оти патот никој не го чисти што дополнително ја усложнува состојбата во зима.

– Мојот покоен татко со години  престојуваше во родната куќа во Ржаново од пролетните месеци кога ќе се стопеше снегот на патот во Малесија, па се’ до почетокот на ноември, кога знае да заврне повторно зашто селото е високо на планината Караорман. Патот со децении никој од надлежните не го санира што е дополнителна опасност за оние што минуваат по него и кога не е зима. Само луѓето кои потекнуваат од Ржаново самоиницијативно со сопствени средства се борат да овозможат пристапен пат до своите родни огништа. Но и тие се немоќни да го чистат снегот зашто за тоа треба соодветна механизација, вели 60-годишната Севда Богданоска која потекнува од ова малесиско село.

Ржаново се наоѓа на западната падина од планината Караорман, на надморска височина од 1.250 метри. Од Струга е оддалечено триесеттина километри. Селото од поодамна е иселено. Луѓето кои потекнуваат од овој крај го посетуваат во текот на целата година, но не и во зимските месеци кога висината на снежната покривка го блокира патот и го отсекува малесискиот крај од цивилизацијата.

Освен ова село, завеани се и останатите планински населени места во Малесија и во Дримколскиот крај. Без струја и храна повеќе од два дена останаа жителите на  Вевчани, Лабуништа, Подгорци,Јабланица и другите села. Во повисоките планински места, жителите, како што велат, ги трошат и последните залихи на храна и лекови, а надлежните служби со потребната механизација немаат пристап до овие завеани делови од Струшкиот регион.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска