ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Од:

Предлог измените за законот за игри на среќа кои претседателот Стево Пендаровски не ги потпиша и ги врати во собраниска процедура не упатуваат на законодавството на ЕУ во овие области, велат од делегацијата на ЕУ во Македонија. Од таму за А1он го повторуваат ставот дека за овој закон било злоупотребено европското знаменце, бидејќи не се работи за усогласување со европското законодавство.

„Забележавме дека претседателот не го потпиша указот за прогласување на Законот. Како што забележавме претходно, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри не упатува дури и на ограниченото законодавство на ЕУ што би можело да биде релевантно во овие области. Во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2023 година се наведува дека процедурата за знамето на ЕУ треба да се користи кога е директно поврзана со усвојувањето на закони чија главна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не кратка јавна дебата за важни прашања“, велат од делегацијата на ЕУ за А1он.

Пендаровски пак, при одлуката да не го потпише Указот за Законот за игри на среќа се повика токму на забелешките од Европската унија, дека се злоупотребило европското знаменце за да се заобиколи редовната процедура, посочувајќи дека за овој закон, се консултирал со домашни правници, но и со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби