ЕУ: Прашањето за воведување на визите одложено

Од:

Преговорите за повторно воведување визи за земјите од Западен Балкан толку се заплеткале во европските институции што сето тоа е одложено за некое време, пренесува весникот „Новости“.

Заканата со механизмот за повторно воведување на визи кое минатата година лебдеше над земјите на Западен Балкан , а пред се над Македонија и Србија е отстранета на одредено време, наведува весникот.

„Преговорите пропаднаа, а тоа значи дека механизмот нема да се воведе за брзо време“, откри европскиот пратеник Тања Фајон, член на надворешно политичкиот одбор на ЕП и известувач во сенка за механизмот за суспензија на визната либерализација.

Таа вели дека се запнало околу тоа што одредени земји на чело со Германија сакале повторно да се отворат веќе договорените поглавја од механизмот, кои се усогласуваа помеѓу Европскиот парламент и Европскиот Совет.

Околу предлогот на ЕК за воведување суспензија на безвизниот режим веќе извесно време се водат консултации помеѓу Европскиот парламент-Комисјата и Советот. Кога се чинеше дека е се договорено се појавија проблеми.

„Остана само да се договориме околу реципроцитетот. Ова прашање не се однесуваше директно на Западен Балкан. Станува збор за барањето на Европкиот парламент во целиот пакет на мерки да се утврди можноста ЕУ автоматски да ги суспендира безвизните режими со одредена земја која ќе воведе визи со некоја од земјите членки на ЕУ, како што неодамна тоа се случи со Канада и Чешка. И наместо да се договраме само за тоа, некои земји членки повторно го отворија прашањето за Балканот“, вели Фајон.

Всушност се работи за истите земји членки потписнички на писмото со кое уште есенва се бараше забрзување на усвојувањето механизам за суспензија поради стравот од преголем број азиланти. Најгласна беше Германија, која ја предводеше групата од уште пет земји-Франција, Шведска, Холандија, Белгија и Луксембург.

„Европскиот парламент излезе со предлог кој е ,многу флексибилен и многу подобар за Западен Балкан од првобитниот текст. Ги исфрливме квотите и воведовме формулација во која покрај другото се вели дека безвизниот режим може да биде суспендиран само во случај на исклучително висок прилив на азиланти. Беше договорено така и да остане и натаму да разговараме само за реципроцитетот. Некои земји на чело со Германија, меѓутоа бараа промена на веќе постигнатиот догвор, со што не се согласивме“, вели Фајон.

Шесте земји не барале да има повторно воведување на проценти, туку и инсистирале текстот да се усвои сега, и визниот режим да може да стапи на сила веднаш, уште оваа зима.

Поради тоа преговорите пропаднале кон крајот на декември. Иако се очекувало механизмот да биде оперативен од Нова Година, сега е јасно дека уште подолго време нема да има ништо.

„Парламентот сега ќе има многу потврд став од порано. Нема да бидеме толку флексибилни кон предлогот на Европската Комисија со оглед дека не сме задоволни со досегашната работа на Европскиот Совет“, нагласува Фајон и ветува остра и долга расправа што на Србија, Македонија и останатите земји од Западен Балкан автоматски им остава простор без евентуални рестрикции да го користат безвизниот режим.

Но, Фајон нагласува дека тоа не значи дека сега можат да ги кренат рацете од проблемот со лажните азиланти.

„Напротив, треба да се зајакнат напорите овој проблем да се реши со строго почитување на принципите од Договорот за слободно движење на граѓаните. Само така ќе се отстрани заканата визите еден ден навистина да бидат воведени.“, рече Фајон.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина