ЕУ извести дека преговори не се започнати, а Маричиќ дека сме во „фаза на затворање на отворачкиот дел“

Од:

Европската Унија посочи дека „ја започна фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија“, а „ги отвори пристапните преговори со Албанија“. Ова би значело дека Македонија нема да преговара се додека не го промени Уставот и ги вметне Бугарите, согласно барањето во протоколот. Вицепремиерот Бојан Маричиќ, прашан зошто ЕУ известува различно за како што посочи Владата, отворањето на преговорите со Македонија, рече: „Ние имаме услов за затворање на отворачкиот дел на преговорите“. Остана на ставот дека преговорите се започнати.

„Ние во исти ден држевме владина конференција и заедно го проследивме скринингот. И тоа што ни беше соопштено е дека заедно ќе го следиме скринингот. Наша желба беше да почнеме заедно со Албанија. Разликите се јасни, ние имаме еден услов за затворање на отворачкиот дел на преговорите, односно по скринингот. Ние практично со отворањето на преговорите го добиваме скринингот. Претходно не беше можно бидејќи немаше почеток на преговорите. Ние преземавме обврска со Бугарија, до наредната меѓувладина конференција односно можноста да се отвораат поглавја и кластери, да ги внесеме во Уставот Бугарите“, кажа Маричиќ.

Она што Маричиќ го нарекува: „затворање на отворачкиот дел на преговорите“, во Протоколот потпишан со Бугарија ова се нарекува: „комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство“. Скринингот кој ќе се спроведува во наредните 16 месеци е време во кое Македонија треба да ги прави уставните измени и да ги вметне Бугарите. Со исполнување на овој услов, ќе се отпочнат и преговорите, по втората меѓувладина конференција. Овие правила произлегуваат од Протоколот потпишан меѓу Македонија и Бугарија.

„Република Бугарија изјавува подготвеност да се согласи да се одржи првата политичка Меѓувладина конференција на ЕУ и Република Северна Македонија, со разбирање дека следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Република Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ“, стои во третата точка од дневниот ред на Протоколот.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска