Ескобар: САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги почнат преговорите со ЕУ оваа година

Од:

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар на онлајн средба со бугарските медиуми изјави дека САД се надеваат оти Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година.

Ескобар нагласи дека САД се убедени оти Северна Македонија и Албанија направија важни, понекогаш и болни реформи, за да се придвижат кон членството во Европската унија.

Затоа, според него, двете држави заслужуваат преговорите да ги започнат што е можно поскоро.

– Се надевам дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство. Се надевам дека Европската унија, како и одделните земји членки, ќе ја осознаат стратешката важност на европската интеграција на балканските држави, порача Ескобар.

Тој ја коментираше и ситуацијата во Босна и Херцеговина, при што предупреди дека заканите на босанските Срби за отцепување од БиХ претставуваат прекршување на Дејтонскиот мировен договор и тоа само ќе ги доведе до „изолација и економски очај“.

Ескобар нагласи и дека САД остануваат силно посветени на зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска