ЕЛЕМ: Несериозно е од СДСМ да изјавува дека РЕК Битола е пред колапс

Од:

„Дека РЕК Битола се наоѓа пред колапс, најблаго речено е несериозна констатација од партија која себе се смета за сериозна опозиција. Но да одиме по ред.

Поради  регистрирано техничко отстапување од номиналните параметри во работењето  на ТЕ „Битола“ 1“, во текот на октомври овој капацитет беше исклучен од електроенергетската мрежа и веднаш  започнаа интензивни активности за нивно прилагодување. Стручни и експертски екипи од термоелектраната интензивно работеа на целосно оспособување на термоблокот , тој во најкус можен рок е оспособен и вклучен во ЕЕС на државата и произведува во согласност со потребите.

Во овој контекст, застојот на ТЕ Битола 2 кој беше предизвикан од екстремно ниските температури траеше само 10 часа, за колку блокот е вклучен во редовно ЕЕС во редовно производство. Што се однесува пак на вчерашното исклучување на блок 2, тоа е направено плански во насока на целосна оптимизација на параметрите на котелот после извршената реконструкција и модернизација, по што блокот повторно ќе влезе во редовно производство.

Понатаму, потполно е неточно тврдењето дека на депонија а не во бункерите, има резерви на јаглен за само 3-4 дена работа на блоковите, бидејќи резервите на јаглен се далеку поголеми. Резервите се на планираното ниво, а дневното производство на јаглен е поголемо од предвиденото за предметниот период. Во однос на мазутот, тој се користи во процесот на производство и очекувано е зголемена неговата употреба поради потребата од целосна оптимизација и пролагодување на техничко технолошката опрема.

Нагласуваме дека постојните електроцентрали на АД ЕЛЕМ испорачуваат електрична енергија во согласност со потребите на тарифните потрошувачи во Република Македонија. Компанијата во целост ги пласира најавените количини на електрична енергија кон електроенергетскиот систем врз основа на потрошувачката на овој енергент од страна на домаќинствата и на малото стопанство.

И на самиот крај, исклучувањето на блоковите во РЕК „Битола“ во изминатите 30 тина години биле неодминлив дел работењето бидејќи станува збор за сложен и комплексен процес на производство во кој се обединети многу техничко технолошки компоненти, но РЕК Битола обезбедува исклучително високо ниво на безбедност во вкупниот производен процес, каде безбедноста на вработените секако е на прво место“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски