ЕЛЕМ ќе додели стипендии за студенти на Електротехничкиот факултет во Штип

Од:

Електрани на Македонија ќе додели пет стипендии на студенти од Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Ова е договорено денеска во рамки на потпишаниот договор за соработка меѓу двете институции.

– Како општествено одговорна компанија им помагаме на младите луѓе, посебно во делот на продуцирањето на квалитетни кадри од областа на техничките науки, за кои сметаме дека ќе бидат столб на економијата и енергетиката во наредниот период од државата, изјави директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Блажо Боев појасни дека стипендиите ќе се доделуваат по критериуми на ЕЛЕМ. Месечната висина на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари.

Студентите од Електротехничкиот факултет ги извршуваат сите теренски наставни активности на објектите на ЕЛЕМ, за што постои долгогодишна соработка меѓу двете институции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски