ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите

Од:

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето произвоство го има натфрлено за 10,9 проценит и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата.

Како што посочи деновиве откако е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.

АД ЕЛЕМ, потенцира, дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети.кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи, доколку дојде до  зголемување на конзумот, односно потребите на потрошувачите ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите

– Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме, рече дирекиторот на АД ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски