Во простории на АД „Макпетрол“ во Ново Село денеска околу пладне се случила експлозија. Повредени лица нема, причинета е само материјална штета.
Како што информираат од МВР, еспслозијата се случила при отворање на сеф во просториите на оваа компанија. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денот.