Експерти ќе одлучуваат дали треба да се гради новата зграда за интерни клиники во Клиничкиот центар

Од:

До крајот на ноември годинава ќе се знае дали во Клиничкиот центар ќе се гради новата зграда за интерни клиники за која претходната влада потпиша договор. Експерти ќе спроведат анализа и ќе одговорат дали може да се изгради клиниката или нејзината изградба ќе го попречува функционирањето на Клиничкиот центар.

Ова го соопшти министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена.

– Не се работи за изградба на Клинички центар, туку се работи за изградба на зграда за интерни клиники. Прашањето е дали ако почне да се гради нешто пациентите ќе стигнат на време. Имајќи предвид дека 50 проценти од здравствените услуги во Македонија се даваат во Клинички центар, значи тука треба да се види дали треба да се гради, истакна Таравари и најави дека добиен е грант од Централната европска банка да се види дали треба да се гради и дали изградбата ќе има последици врз пациентите што доаѓаат.

Според него доколку нивната одлука е дека може да се организира работата ќе се изгради, но доколку нивната одлука е дека ќе спречи функционирање на Клиничкиот центар тогаш ќе се бара ново решение.

Во врска со набавка на лекови и зошто доцнат лековите министерот посочи дека проблемот не е во Министерството за здравство туку во Советот за јавни набавки.

– Има еден Совет за јавни набавки кој е комплетно политизиран. Фирми кои добивале и поминувале низ тој Совеј пред шест месеци сега кога конкурираат за да направат проблем не спречуваат и затоа се јавуваат проблеми со лековите, рече Таравари.

Појасни дека иста фирма конкурирала со исти стандарди пред шест месеци и немало проблем, а сега истата фирма со истите стандарди кога конкурира има проблем пред Советот за јавни набавки.

Информира дека е побарано од премиерот да изнајде решение да се прекине таа пречка оти, потенцира, не смееме да си играме со болните.

– Секаде каде што требало сме направиле интервентен увоз но тоа кошта многу повеќе. Би сакал да знае целата македонска јавност сите тие проблеми што се јавуваат со лековите не е дека не го потпишува министерот или тимот во Минситерството за здравство, туку целиот проблем е во Советот. Не знам зошто прават проблеми дали се по нарачка, посочи министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника – никој не го санирал две години

Анита Петровска Рајковиќ

Реконструирани паркинзите во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Клиничкиот кампус со комплетно нов лик, нема повеќе сообраќаен хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Државата ќе се задолжи со половина милијарда евра за изградба на новиот клинички во Ѓорче Петров

Габриела Димковиќ-Мишевска

Изградбата на новиот Клинички центар треба да почне во текот на зимата

Ана Ололовска

Откажани прегледите на Клинички поради посетата на папата