Eксдиректорот на УБК Владимир Атанасовски останува во притвор

Од:

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, му ја одбу жалбата на ексдиректорот на тајната полиција, Владимир Атанасовски да се брани од слобода.

Од кривичниот суд соопштија: „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В.А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка“.

Обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски за 27 април, како и обвинетиот Захарие Симовски го посочија Владимир Атанасовски, ексдиректорот на УБК, како еден од организаторите на нападот на Собранието. По предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција во вторникот вечерта Атанасовски беше уапсен, а ноќта кон средата доби и притвор од 30 дена.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов