„Економист“: Папуа Нова Гвинеја и Намибија подемократски од Македонија

Од:

Економист го објави Индексот на демократија според кој Македонија е на 73 место, од 167 земји. По степенот на демократија пред Македонија, се Намибија, Папуа Нова Гвинеја, Замбија, Парагвај, Филипини, Монголија. Од регионот подобро се рангирани Србија, Бугарија, Хрватска, Грција и Словенија, а спроред „Економист“ понизиок степен на демократија имаат Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Инкдексот се мери врз база на 5 категории: изборен процес и плурализам, граѓански слободи, функционирање на власта, политичка партиципација и политичка култура. Македонија е во групата земји со недостаток на демократија. Првата група е целосна демократија каде што се Норвешка, Шведска, Данска, Велика Британија и други.

ekonomist-indeks-demokratija

Во третата категорија на хибридни режими спаѓаат Украина, Сингапур, Турција и други.

Најлошо рангирана според степенот на демократија е Северна Кореја, а пре неа се  Гвинеја Бисао, Сирија и други кои спаѓаат во земји на автократски режими.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

„Хјуман рајтс воч“: САД тонат во авторитаризам, демократијата се врати на нивото од 1985 година