Додека надлежните ја одолговлекуваат постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк, опасноста од уништивање сериозно му прети на биодиверзитетот и природата на ова место.
Ваков е заклучокот на учесниците во проектот „Промоција на природните вредности на Шар Планина“.
Според професорот по екологија, Љупчо Меловски поради незаштитениот шарпланински масив се зголемува појавата на дива сеча на шума, криволов, дивоградби. Сето тоа лошо влијае на опстанокот на ендемскиот свет на најубавата планина во Македонија, вели тој за Телма.
Повече од една деценија Иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк тапка во место. Засега нема конкретни најави дека набрзо ќе има позитивен одговор од надлежните.