„Еко-живот”: Нема да дозволиме уште една Г-1 индустрија во Кавадарци

Од:

Регионалниот еколошки центар “Еко-живот” од Кавадарци ќе направи се што може, за да не дозволи уште една Г-1 индустрија во Кавадарци, рече денеска во изјава за МИА, неговиот претседател Роберто Паризов.

Тој потврди дека веќе извесен период има обиди од страна на одделни субјекти во градот да протуркаат измена од незагадувачка во загадувачка индустрија, притоа убедувајќи дека нема да има дополнително загадување во Кавадарци, град кој и онака е меѓу најзагадените во државата.

– Ние не им веруваме на таквите убедувања од нивна страна, бидејќи ако локацијата од Г-2 стане Г-1, тогаш контролата над неа ја губи општината, а сметаме дека прашањата за животната средина најмногу ги засегаат токму оние кои живеат во неа и тие и најдобро можат да се грижат за неа и да се борат против понатамошно загадување, дециден е Паризов.

Тој ги повика советниците во Советот на општина Кавадарци добро да размислат какви одлуки носат, за да не бидат осудени од јавноста и од сегашните и идните генерации.

– Ние не сме против индустрија во Кавадарци, но категорично сме против Г-1 индустрија. А во оваа наша заложба освен граѓаните, треба да ни се придружат и винарските визби кои сакаат да развиваат вински патишта и вински туризам, додаде Паризов.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење