Еко-активистите ѝ дозволија само на општина Гостивар да носи смет на депонијата Русино

Од:

По речиси тридневна блокада, комуналниот отпад од гостиварската општина повторно се носи на депонијата Русино. Локалната власт и граѓаните кои протестираат постигнаа привремен договор, со што се спречи наталожување на отпадот во градот и околните населби.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека ќе ги пропуштаат само возилата на гостиварски Комуналец, додека забраната за другите комунални претпријатија ќе важи и понатаму.

До договорот дојде откако Општина Гостивар исполни едно од барањата – испрати документ со барање до Владата и Министерството за екологија за решавање на проблемот со депонијата Русино.

Прекинот на блокадата, која започна од недела напладне, синоќа околу 22 часот ја потврди и директорот на ЈП Комуналец, Исак Љазами.

Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат до 12 август,  до кога ќе го контролираат одлагањето на отпадот. Очекуваат да бидат исполнети сите нивни барања. Нивната крајна цел е депонијата Русино да се затвори и да изгради нова според ЕУ стандарди.

Гостиварското комуналното претпријатие се соочи со проблем, откако три дена не можеше да транспортира смет на депонијата. Ѓубрето од контејнерите го складираше во една од халите кои ги користи како магацин.

Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари обвини дека околу протестите за „Русино“ има нечесни игри во кои е вмешана политиката.

Би можело да ве интересира

Филипче: Владата повторно потфрли – препораките стигнаа кога епидемијата веќе се прошири

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

73 пациенти вчера побарале лекарска помош во гостиварската болница

Горан Наумовски

Клековски: Водата во Гостивар ќе биде безбедна за пиење по три последователни исправни анализи

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

Епидемијата стивнува: Во Гостивар регистрирани само 71 новопрегледан пациент