Ејуп Алими и’ рече на Фатиме Фетаи дека си правеле слободен муабет во СЈО, записникот го потпишал на ѕид

Од:

Адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Арслани, го повлече предлогот до судот во предметот „Титаник 3“, да биде испитан неговиот клиент.

Обвинитеката Фатиме Фетаи побара од судот да се прочита исказот на Алими даден како осомничен. Алими потоа стана и рече дека на испитувањето немало записничар, а со обвинителот правеле слободен муабет.

„Ако го имате тоа, согласно цел буџет што го трошите, барајте како било тоа направено. Вие ми кажавте дека сум дојден во својство на сведок. Ги злоупотребувате другите сведоци. Кога бев повикан како сведок, немаше записничар или друг човек. Само она и јас и слободен муабет. Јас го добив документот. На ѕид ги потпишав документите од СЈО“, реле Алими.

Тој говореше дека не верувал оти луѓе со интегритет во СЈО ќе ја злоупотребат положбата.

Во „Титаник 3“, кој е пред пресуда, обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, и Исмет Гури. Тие како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска