Едукација за кавадарчани како да се заштитат од кражби во домовите додека се на одмор

Од:

Под мотото „Заштити го својот дом“ кавадаречката полиција денеска започна со едукација за кавадарчани, како да се заштитат од кражби во домовите, додека се на одмор.

Станува збор за превентивна акција со укажување за тоа што треба да сторат, доколку дома немаат оставено некое повозрасно лице.

– Во оваа активност која ќе продолжи и во следниот период се опфатени сите туристички агенции преку кои граѓаните реализираат туристички аранжмани, така што се делат едукативни флаери. Исто така и вработените во агенциите се едуцираат како да им укажат на граѓаните да го заштитат својот имот кога ќе заминат на годишен одмор, појасни Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Освен превентивните мерки што треба да ги преземат, на кавадарчани им се препорачува да не чуваат дома поголема количина готови пари, накит, вредни предмети, да го доверат станот на близок роднина или сосед кој ќе внимава на него, инсталирање алармни уреди, сензорски светилки, светла кои се палат автоматски на одреден временски интервал.

– На граѓаните им беше сугерирано и она што посебно не треба да го прават, а тоа е оддавање на својот престој преку фотографии на социјалните мрежи, со што во многу им се олеснува работата на потенцијалните криминалци, кога веќе знаат дека станот е слободен, додека сопствениците се сончаат на некоја од песочните плажи далеку од својот дом, нагласи Каракулев.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење