Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Од:

„Единствена Македонија го поздравува најновиот извештај на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во кој се вели дека Бугарија не ги признава Македонците во Бугарија и дека во Бугарија има расизам и дискриминација во однос на Македонците во оваа земја.

Од друга страна, марионетската власт во Скопје со Договорот со Бугарија (член 11) се откажа од грижата за Македонците во Бугарија со што на своевиден начин го избриша постоењето на Македонците во оваа соседна земја.

Македонците во Бугарија сега се наоѓаат во една крајно незавидна и апсурдна состојба во која странците, односно, скоро сите европски држави кои членуваат во Советот на Европа ги признаваат како Македонци во Бугарија и се загрижени за нивната положба оти ниту македонски јазик, ниту историја не се учи во бугарските училишта, а власта на Зоран Заев во Македонија не ги признава Македонците во Бугарија со тоа што се откажа од нивна заштита и ги избриша со Договорот со Бугарија.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси има готов концепт како со своите странски пријатели ќе се избори за почитување на меѓународните документи за почитување на малцинските и човековите права и во оваа насока Договорот со Бугарија кој е штетен за Македонците во Бугарија, ќе биде поништен“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев