Скопјанец загина во сообраќајка во близина на Охрид

Од:

Жител на Скопје загина откако синоќа со неговиот автомобил се судрил со товарно возило на патот меѓу охридските села Ботун и Климештани.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, меѓу Ботун и Климештани, меѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски таблички, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба