Еден починат и тројца повредени по тепачка со пиштоли и ножеви во кафеана во Батинци

Од:

Починал 29 – годишен жител на Батинци кој со повреди од нож синоќа бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, а уште тројца се поврени по тепачка во кафеана во Батинци. МВР соопшти дека лицата прво се степале, а потоа почнале да се пресметуваат со пиштоли и со ножеви.

„ На 04.07.2020 околу 21,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Ш.П.(29) од с.Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал. Во меѓувреме донесен бил и Н.С.(28) од с.Батинци исто така со повреди, а со возило од итна медицинска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ пренесени се М.С.(39) од с.Батинци кој бил повреден од огнено оружје, и И.Г.(25) од с.Батинци кој бил повреден со нож. Според првични информации, во двор на угостителски објект во с.Батинци, сопственост на Р.Џ.(27) од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож. Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од с.Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски

Сопственик на кафeана претепал музичар, па му го оштетил и музичкиот инструмент

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода