Еден месец „Мој општинар“

Од:

Измина еден месец од почетокот на проектот „Мој општинар“. Овој проект е прв ваков проект во Македонија. Градоначалникот Митко Јанчев го презентираше уште во предизборната кампања и уште тогаш имаше позитивни коментари од граѓаните. За кратко време откако ја превзема градоначалничката функција успеа и да го реализира овој проект. По само еден месец како градоначалник, „Мој општинар“ од идеја премина во реализација.

Првата недела општинарите ја искористија за запознавање на своите реони и запознавање со граѓаните. Веќе во наредниот период започнаа проект „За убаво Кавадарци“, кој ќе биде еден долг процес во кој најголемо учество ќе имаат општинарите. Се чистат сите помали и поголеми диви депонии во градот. Секој општинар според потребите на својот реон организира акции со кои дивите депонии исчезнуваат. Освен депониите се чисти и целиот град. Се решаваат мали проблеми за кои треба малку работа, но до сега не биле решени.

Најважно од се е што граѓаните на Општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект, некои од нив и помагаат во решавањето на проблемите. Преку проектот „Мој општинар“ се надеваме дека ќе се подигне и свеста и одговорноста кај граѓаните. Сите напори и целиот труд кој се вложува треба да биде ценет пред се од граѓаните и тие безрезервно да се вклучат во создавањето на убаво Кавадарци.

Опремата, односно униформите на општинарите и апаратите со кои работат се донации од кавадаречките фирми Екстра Бус, Метал Апостолов, Велком Трејд, Павер Трејд, Градба Промет, Кожувчанка и Ја-Ми. Во иднина очекуваме уште поголеми резултати и уште поголема комуникација помеѓу граѓаните и општинарите од проектот „Мој општинар“, како и реализација на поголеми проекти, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето