Џанго: Му реков на Љубе не потпишувај ништо при претресот на возилото

Од:

Вo кривичниот суд во Скопје се одржа рочиште за судењето во предметот „Тортура“ на специјалното јавно обвинителство. Прв сведок на обвинителството беше адвокатот на оштетениот Љубе Бошкоски, Љубомир Михајловски Џанго.

Тој рече дека на 6 јуни 2011 година лично му се јавил Љубе Бошкоски кој бил уапсен и однесен во полициската станица во Гази Баба и го повикал да дојде.

„Ме наместија. Не сум земал пари”, му рекол Бошкоски на Џанго.

Сведокот кажа дека Бошкоски се пожалил на начинот на апсењето, бидејќи го врзале со лисици, а не давал никаков отпор.

„Овластените лица рекоа дека треба да го вратат пред „Воденица“ за претрес на возилото. Им реков дека поминати се 2-3 часа од апсењето и за тоа време може да се стави се’ во автомобилот, да се подметне. Претресот е нелегитимен за мене како бранител по толку време. Му реков на Љубе да не потпишува ништо“, рече Џанго во сведочењето.

„Возилото е подигнато од самото место без потврда за одземени предмети“, рече сведокот и одговори дека Љубе немал физички повреди.

Судијката Александра Ристевска не дозволи обвинителот Љубомир Лапе да го праша обвинетиот како Бошкоски се чувствувал психички по приговорот од адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски.

Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски Пуки и уште петмина „алфи”.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов