Џамбаски: Владата во Скопје лобира во Брисел, во лажирањето на извештајот се вклучени и европратеници

Од:

Европратеникот Ангел Џамбаски од Бугарија, обвини дека Македонија почнала да лобира во Европскат унија во пресрет на добивањето на извештајот за напредокот со реформите.

„Додека Европскиот парламент започнува со разгледување на извештајот за Северна Македонија, владата во Скопје започнува голема лобистичка офанзива во Европа. Нејзината крајна цел, се разбира, е Скопје да не прави никакви промени во односите со Бугарија и со тоа да игра со Брисел. Работи намерно против Бугарија, само на штета на Бугарија.

Премиерот на Северна Македонија жестоко ја нападна Бугарија на самитот на Советот на Европа во Рејкјавик. И претседателот Пендаровски го потврди постоењето на „црни списоци“ за Бугарите да не се дозволуваат на територијата на Северна Македонија. Инаку, јас и мојот колега Андреј Ковачев од ЕПП сме на овие листи затоа што таму се бориме за правата на Бугарите.

Во Европскиот парламент се одржаа голем број средби на вицепремиерот на Северна Македонија, каде што тој си дозволи да се доближи до европските претставници, се сликаше со моите колеги од Комисијата за надворешни работи и на тој начин се обиде да им предложи што да направат во следните денови“.

Тој ги нападна и колегите од Европскиот парламент кои наводно биле вклучени во креирање на извештајот кој за него е манипулативен и не ги одразува во целост бугарските приговори за политиката на Скопје кон Софија.

„Иако извештајот не ги одразува целосно бугарските приговори за политиката на Скопје кон Бугарија, има многу критични наоди кои ја обврзуваат Северна Македонија да преземе промени за да добие право за почеток на преговори за членство во Европската унија. Поради оваа причина, сите колеги кои беа вклучени во оваа манипулација и овој тотален обид за лобирање должат одговори.

Време е европските институции јасно да покажат дали ќе поддржат земја во која има забранети луѓе. Затоа што во Северна Македонија живеат граѓани кои се прогонувани, репресирани и тепани поради нивното потекло и храброста да се изразат слободно. Следува месец, во кој повторно ќе не тераат разни виножита и многу ќе се зборува за човекови права. Сепак, ќе биде огромен срам и тешко лицемерие ако бриселските власти замижуваат пред злосторствата на режимот во Скопје, како што ги затворија очите пред злосторствата на Кремљ“, обвини Џамбаски.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он