Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Од:

Европратеникот Ангел Џамбаски, познат по антимакедонските ставови и еден од најгласните поддржувачи на ветото кон Македонија, му порача на министерот Бујар Османи дека Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина.

Џамбаски беше испровоциран од интервјуто на Османи за македонска национална телевизија во која министерот за надворешни работи откри дека наративот во историската комисија наметнал мултиперспективност на погледите, односно две верзии на историските толкувања.

„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само доколку се одобри од страна на комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Сите овие шпекулации дека Бугарија ќе ни наметне нешто се неточни и никој нема да ни ги земе книгите“, рече ОСмани.

Џамбаски порача дека не може да се претстават две верзии на историјата бидејќи таа била само една.

„Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. А таа господине Бујар Османи е дека Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин. А, ВМРО секогаш се бореше за ослободување на Бугарите во Македонија. Не може да се претстават две верзии на историјата, бидејќи таа е една, наша, заедничка, за која има милиони сведоштва и за која зборуваме во Договорот за добрососедство. Сите други толкувања се недозволиви и ја поддржуваат лагата на македонизмот“, напиша Џамбаски на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија