Џафери во Брисел се сретна со европратениците Фајон и Билчик

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, пред почетокот на Самитот на претседателите на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот парламент посветен на зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ, се сретна со европратениците Тања Фајон и Владимир Билчик, копретседавачи на Групата за демократска поддршка на Западниот Балкан.

Нагласувајќи дека Европскиот парламент посветува големо внимание на процесот на проширување и односите со земјите од Западен Балкан, европратениците истакнаа дека постапките и одлуките кои ќе се донесуваат во наредниот период ќе значат создавање јасен план и јасна рамка и за земјите кои очекуваат почеток на преговорите и за оние кои веќе ги започнале, а приоритет ќе биде ставен на кредибилитетот на процесот и на враќање на довербата.

Тие изразија надеж дека по претставувањето на новата методологија следната недела, позитивни сигнали ќе може да се очекуваат и пред почетокот на Европскиот самит закажан за март, имајќи ги предвид и настојувањата на хрватското претседателство да го држи процесот на проширување на врвот на агендата, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери истакнал дека, и покрај разочарувањето од недонесувањето на едногласна одлука на Европскиот совет за започнување преговори, земјава останува посветена на нашата цел, полноправно членство во Унијата, но и дека е внимателна во очекувањата.

Тој изразил уверување дека, претстојните избори ќе бидат спроведени во слободна, фер и демократска атмосфера, како јасна определба на сите политички партии.

Соговорниците се осврнаа и на дијалогот Жан Моне, како уште една форма на соработка која донесе конкретни резултати во градењето на политичкиот дијалог во Собранието, како што беше донесувањето на Кодексот за етичко однесување, утврдувањето на потребата од измени на Деловникот со цел избегнување ситуации на блокада кои се случуваа во минатото и поставување рамка за административна, финансиска и безбедносна независност на Собранието.

Во очекување на одржувањето на третиот Жан Моне дијалог во Собранието на Република Северна Македонија, беше изразена заедничка заложба оваа алатка за соработка да продолжи и по изборите во Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Џафери остварил и кратка средба со европратеникот Андреј Ковачев од Бугарија, кој е заменик на претседателот на Групата на Европските народни партии за Западен Балкан, на која беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Северна Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Ковачев ја изразил својата поддршка за доделување на датум за преговори што е можно поскоро

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

Орце Костов