Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, на покана на американскиот конгресмен Роберт Питинџер и Парламентот на Република Летонија, утре ќе учествува на Осмиот Парламентарен безбедносен форум во Рига, Република Летонија.
Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, на форумот ќе има обраќање на тема „Непријателска употреба на информацијата и компјутерска безбедност”.
Во рамки на Парламентарниот безбедносен форум, предвидено е претседателот на Собранието на РМ да оствари билатерална средба со спикерот на Парламентот на Летонија, Инара Мурниеце.