Џафери се сретна со директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Западен Балкан

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери оствари средба со директорката на Директоратот за проширување, надлежна за Западен Балкан на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера.

За време на средбата, соговорниците се согласиле дека се реализира предвидената динамика на активности поврзани со ефективното и ефикасното функционирање на Собранието на Република Македонија во извршувањето на неговите надлежности како законодавен дом.

Претседателот на македонскиот Парламент потенцирал дека Собранието станува отворено за граѓаните и граѓанскиот сектор залагајќи се притоа за промена на досегашната перцепција за него и тоа да стане вистински коректор на извршната власт.

Директорката на Директоратот за проширување, надлежна за Западен Балкан ја истакнала поддршката од европските институции за евроатланските интеграции на Република Македонија.

– Европската Унија со внимателност ќе ги следи демократските процеси, владеењето на правото како и реформите во јавната администрација и ќе продолжи да биде конструктивно критична во однос на евроинтегративните процеси на државата, се наведува во соопштението од прес-службата на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

Орце Костов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

Ана Ололовска

Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка