Џафери: Пасошите не се регулираат по принципот на возачките дозволи, граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

Од:

Техничкиот премиер Талат Џафери, ги повикува сите политички субјекти и претседатели на партии во државата, во пресрет на распишувањето на изборите, да се водат исклучиво од државните и граѓанските интереси, да не наштетуваат на меѓународните позиции на државата и да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со манипулации и невистини.

Прашањето околу употребата на уставното име на државата во патните исправи е регулирано со Уставот на Република Северна Македонија и е дел од меѓународен договор.

Оттука, несериозен, популистички и исклучиво во партиски интерес е наводниот повик да се поддржи законско решение со коешто би се продолжила важноста на патните исправи, по примерот на решението со возачките дозволи.

Повиците за непочитување на Уставот на Република Северна Македонија и за непочитување меѓународни договори нанесуваат штета пред сѐ на граѓаните, со тоа што се доведуваат во заблуда, но и на меѓународниот углед на државата.

Владата на Република Северна Македонија го презеде потребното и возможното и на вчерашната седница донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија, како и овозможување издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од државата, а имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Би можело да ве интересира

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов