Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

Од:

– Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан – рече Џафери при кавгата со пратеникот Јанушев во Собранието.

На ваквиот однос на Џафери, остра реакција од ВМРО – ДПМНЕ.

Најостро го осудуваме мизерниот и навредлив говор кој Талат Џафери го упати кон пратеникот Игор Јанушев и бараме итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана.

Џафери треба да сфати дека не во шума или на ливада со стадо, од каде очигледно го влече примитивниот однос, туку заради сила на околности, и тој е дел од законодавниот дом, каде треба да поаѓа од демократски принципи на меѓусебно почитување.

Џафери треба да е свесен дека нема да се толерира напад врз малолетни деца, иако неговата цел е подгревање на инциденти и ширење на тензии, со цел де фокус од фактот дека неговиот син положил правосуден испит без завршен факултет.

Македонија е демократска држава и сите треба да бидат еднакви, а не привилегирани како синот на Џафери.

Џафери да не игра на картата на ниски страсти и да се брани дека некој наводно го нападнал или навредил неговиот син, тоа не е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, напротив, наша одлика е законите да важат подеднакво за сите.

Во насока на создавање на здраво општество бараме Џафери јавно да се извини за кажаните закани и навреди кон пратеникот Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата