Џафери на Конференција на Процесот за соработка на ЈИЕ

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска имаше обраќање на Конференцијата на Процесот за соработка на Југоисточна Европа што се одржува во Љубљана, Република Словенија.

– Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) е формиран во 1996 година како регионален форум за земјите од Југоисточна Европа. Не треба да потсетувам дека во последната декада на дваесеттиот век, државите од Југоисточна Европа поминуваат во еден многу интензивен и длабок општествено-економски процес на транзиција. За жал, во некои региони како што е Западен Балкан, тие процеси доведоа до бесмислена војна која предизвика страдање на стотици илјади луѓе. Тука, се изродува главната цел на овој форум, а таа е продлабочување на соработката меѓу земјите учесници во процесот за зачувување на мирот и стабилноста, како и зајакнување на свеста за нашата европска историска припадност, но и иднина, рече Џафери.

Верувам, додаде тој, дека сите ја научиле историската лекција дека, војните не ги решаваат проблемите и отворените прашања туку пред се, дијалогот и соработката.

– Во мај 2014 година, во Букурешт е формирано и Парламентарното Собрание кое во наредните години се покажа како значајна организациска форма, а јас би додал и ефикасна алатка во остварувањето на темелните принципи и вредности на Процесот на Соработка во Југоисточна Европа. Од тогаш па до денес, многу работи се променија. Пет држави од нашиот клуб кој брои 13 членки, Бугарија, Романија, Грција, Хрватска и нашиот домаќин Словенија, се полноправни членки на ЕУ а заедно со Турција, Албанија и Црна Гора, се членки на НАТО, истакна претседателот на македонското Собрание.

Останатите, вклучувајќи ја тука и Република Македонија, додаде тој, не само декларативно, туку и суштински работат на исполнувањето на таканаречените Копенхашки критериуми за да во еден разумен рок, да станат дел на здружена Европа, односно полноправна членка на НАТО алијансата.

– Многуте ситни делови од мозаикот на крајот ќе создадат импресивна слика а во моментов, Европа без Западен Балкан мене ми наликува како на мозаик во кој фалат неколку делови за таа слика да биде цела и совршена, истакна Џафери.

Според него, во контекст на постојните односи во меѓународната политика, должничката криза, па референдумот во Велика Британија и започнувањето на процесот познат како Брегзит, потоа бегалската криза па се до најновото заладување на односите помеѓу Велика Британија, а со тоа и помеѓу ЕУ и Русија, јасно се оцртуваат нови геополитички процеси.

– Затоа сега, само по себе се наметнува прашањето, каде во сето ова е регионот Западен Балкан, односно државите од Југоисточна Европа кои се уште не се полноправни членки? Факт е дека во овие новонастанати состојби, големите сили или ако претпочитате играчи на меѓународната сцена, сакаат на овој или на оној начин да ја зајакнат својата положба и влијание во Европа. Притоа, се поаѓа од нивните интереси кои најчесто се во спротивност со многу европски принципи и идеали. Секако дека најлесно е да се продре преку отворот од деловите што недостасуваат на сликата како што спомнав на почетокот на моето обраќање, односно, преку регионот Западен Балкан, рече Џафери.

Затоа, смета, ЕУ треба што побргу да ја пополни таа празнина на својата слика со целосна интеграција на регионот Западен Балкан, и со тоа да ја заокружи целината која ја дефинираа уште Шуман, Моне, Гаспари, Аденауер, Черчил, односно татковците на идејата за Здружена Европа.

Би можело да ве интересира

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

A1on

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

A1on

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

Ана Ололовска

Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка