Џафери: Мое дискреционо право е да ја прекинам седницата кога нема мнозинство

Од:

Чувството на одговорност пред граѓаните, а не пред некои пратеници, е мотив да се појавам и да ги разјаснам процедурите за измена на Уставот и мојата одлука да ја прекинам седницата, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Седницата за Уставот беше свикана за 18 август. Според глава 5 од Деловникот во која е опишано кои се надлежностите за свикување на седницата,каков е текот и работата на седницата. Врз основа на тие постапки отпочната е седницата, со единствена точка, отворен е претресот, одржан е претресот и завршен е претресот, односно затворен со констатација дека ја прекинувам седницата. Оваа моја одлука произлегува од членот 81 став 1 од Деловникот кој сакам цел да го цитирам пред граѓаните, а не делумно да ги користам одредбите.

Според член 81 став 1 „Претседателот може да ја прекине седницата кога ќе нема потребно мнозинство за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно.“

Ова е текстот на став 1 врз основа на кој сум ја прекинал седницата. А, во ставот 5 пишува дека времето до продолжување на седницата го определува претседателот и никој друг, тоа е дискреционо право. По говорот на Јован Митревски, констатирав дека „претресот е завршен и дека овде ја прекинувам работата на оваа седница, дополнително ќе ве информирам кога ќе ја продолжиме“ – – истакна Џафери читајќи ги и стенограмите од седницата.

Запрашан како проценил да имало или немало мнозинство за одлучување кога во салата имаше над 110 пратениц од вкупно 120, Џафери наместо конкретен одговор, ги објаснуваше процедурите за менување на Уставот и им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги читаат членовите до крај.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“