ВИДЕО: Џафери ја води седницата на албански, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е противправно

Од:

Седницата на која на деневен ред се пратенички прашања, собраникиот спикер Талат Џафери ја отвори на албански јазик. На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека Џафери постапува спротивно на Уставот и Деловникот.

– Сведоци сме како брзате кршејќи ги процедурите да го ставите законот во употреба, споритивно е на член три од Деловнккот, каде стои дека службен јазик е македонскиот и неговито кирилско писмо, рече координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој побара да се почека одговорот од Уставниот суд каде е поднесена иницијатива за оценување на Закон за јазици.

Џафери на албански јазик возврати дека постапката пред Уставен не значи замрзнување на примена на законот. Тој потсети дека законот е изгласан уште во јануари 2018, дека поминала цела година и дека е јасно дека законот е веќе во употреба.

– Јазикот служи за да се разбереме, поважно е да носиме закони во интерес на сите граѓани отколку на кој јазик ќе биде тоа. Ние како владејачко мнозинство имаме иста цел – подобар живот за сите, концептот за едно општество е на здрави нозе, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Џафери прв пат ја води седницата на албански јазик откако стапи на сила законот за јазиците. Образложението зошто веднаш не почнал беше дека чека техничка подготвеност на собраниските служби, но ниту денеска не е обезбедена можноста за снимање директно на втор канал од галеријата од каде медиумите ги следат седниците.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови