Џафери: Имаме голема почит кон различните култури и религии, да продолжиме заедно на овој пат

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод 24 Мај – Денот на словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Денешниот ден, се наведува во честитката, се празнува за да се искаже почит кон делото на словенските просветители кои историјата ги запиша како основоположници на словенската книжевност и писменост.

– Нивната работа е капитално дело во развојот на словенската култура и описменувањето, тие го дале дарот на зборот и писмото и тоа ги прави повеќе од достојни за прослава на нивното име и дело. Нивниот придонес е и придонес во светската култура. Како претседател на Собранието, горд сум што во Законодавниот дом имаме голема почит кон различните култури и религии, уверени дека тие се само дополнителна вредност во ова општество. Да продолжиме заедно на овој пат, негувајќи го ова богатството. Дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и да посакам и патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Овој ден нека нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Ана Ололовска

Џафери предводи државно – црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил

Ана Ололовска

Скен: Договореното со Бугарија е историски неточно, извртено и неодржливо – ако политиката капитулираше, научната мисла е жива

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски и Радев заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј во Рим

Жарко Настоски